Се можевме да очекуваме, но ова ниту во најлуди сништа не можевме да го претпоставиме.
Пејачката на големо се подготвува за концертот кој на 25 март ќе го одржи во Народниот театар во Белград, а со своите следбеници на Инстаграм споделила и дел од подготовките за овој настан.
Марија веќе работи на стилот во која таа вечер ќе и се претстави на публиката,а тоа што изненади многумина е дека за нејзиниот изглед ќе биде задолжен белградскиот моден креатор Игор Тодоровиќ, познат по дизајнирање на свечени и елегантни фустани.
Со оглед дека Марија никогаш не сме ја виделе во вакво издание, сосема е сигурно дека не очекува големо изненадување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.