| четврток, 6 декември 2018 |

Преку „Македонија вработува“ во Дебар и Центар Жупа 220 нови директни вработувања

Преку проектот „Македонија вработува“, кој почна да се спроведува кон крајот од април минатата година, во општините Дебар и Центар Жупа се реализирани 220 нови директни вработувања.

makedonija-vraboruva

Новите вработувања од овој проект се од сите пет целни групи.

– Имајќи го предвид фактот дека станува збор за две мали општини, остварената бројка од 220 вработувања, е повеќе од задоволителна. Во следниот период до крајот на април кога завршува проектот, очекуваме да се остварат уште најмалку 50 нови директни вработувања, изјави Афет Авмедоски, раководител на дебарскиот Центар за вработување, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.

Според него, низата мерки кои Владата ги спроведува во интерес на своите граѓани кога станува збор за вработувањето видно ја намали невработеноста во целата држава, а во тие рамки и во општините Дебар и Центар Жупа.

– Мерките од оперативниот план за вработување, невработеноста во двете општини ја намалија за над 40 отсто. Освен со „Македонија вработува“ околу 250 нови директни вработувања има и со мерката самовработување со неповратен грант. По 10, 20 вработувања има и врз основа на другите мерки од Опративниот план, истакна Авмедоски.

Новите вработувања, пак, како што потврдуваат од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, за околу 30 отсто го намалија и бројот на корисници на правото на социјална помош. Моментно од двете општини ова право го остваруваат 718 корисници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top