| четврток, 6 декември 2018 |

Овие намирници ви го чистат телото од никотин

Покачен крвен притисок, зголемен ризик од удар, блокада на нерви и мускулните клетки се само дел од негативните последици на внесувањето никотин во телото.

Ние нема да зборуваме за штетните страни на пушењето, да објаснуваме зошто треба да престанете да пушите и слично, туку ќе ви понудиме листа на намирници што можете да си ги дозволите, и тоа во секојдневната исхрана, а го прочистуваат телото од никотин.

Брокула

Брокулата содржи високо ниво на витамин Ц, Б и Б5, одговорни за регулирање на многу важни процеси во вашето тело. Недостатокот од витамини може да предизвика вашето тело да не може да одговори на одредени реакции онака како што треба. Консумирањето брокула ќе ви помогне во снабдувањето на организмот со витамин Ц, на метаболизмот силен, како и во заштитата на белите дробови од токсини.

 

Портокали

Уште еден природен извор на витамин Ц, кој ќе ви помогне во „борбата“ со никотинот. Портокалите исто така помагаат во намалувањето на стресот и нервозата, која желбата за никотин знае да ја предизвика.

 

Спанаќ

Спанаќот содржи липонска киселина или Б9 витамин, што помага во отстранувањето на никотинот од телото. Пушачите често патат од нарушен сон, што е последица на внесувањето на никотин во организмот. Спанаќот ќе помогне и во одржувањето на виталноста на организмот, вклучувајќи ги и емотивната и менталната состојба.

 

Ѓумбир

Ѓумбирот помага во отстранувањето на мноштво симптоми предизвикани од пушењето и никотинот. За поголеми резултати, подобро е ѓумбирот да се консумира непреработен. Ќе ви помогне во намалувањето на желбата за пушење, за намалувањето на тежината, како и редуцирањето на токсините во крвта, предизвикани токму од никотинот.

 

Брусница

Киселината што се содржи во брусницата помага во отстранувањето на никотинот од крвта побрзо од било што друго. Никотинот го зголемува и шеќерот во крвта, а брусницата помага и во неговото намалување. Исто така, помага во откажувањето на цигарите, бидејќи ја намалува желбата за истите.

 

Лимони

Доколку сте пушач, никотинот останува во вашето тело до три дена. Ги оштетува клетките на кожата и порите, а лимонот го поттикнува здравјето на кожата, обезбедува витамин Ц и ги намалува штетните влијанија од пушењето.

 

Моркови

Внесувањето на витамините А и Ц неколку пати дневно е она што ви е потребно, доколку сте редовен пушач. Зголемувањето на нивото на овие витамини, заедно со витаминот К, придонесува за зајакнување на одбрамбениот механизам на телото и тоа по природен пат.

 

Калинки

Калинките се особено добри за поттикнување и подобрување на циркулацијата на крвта. Помагаат во продуцирањето на повеќе црвени крвни зрнца, а со тоа го регулираат и срцебиењето, крвниот притисок и кислородот во организмот.

 

Пченични никулци

Никулците од пченица содржат витамин Е, кој ќе ја подобри еластичноста на кожата и на системот за циркулација. Исто така, ги намалува ризиците од срцеви заболувања во поодминати години.

 

Кељ

Кељот е мешункаст зеленчук и според некои истражувања, една од оние намирници што помагаат при превенцијата од рак. Кељот е природен извор на антиоксиданси, што помагаат во ослободувањето на телото од несаканите талози на никотин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top