| четврток, 6 декември 2018 |

Грција привремено го запре транспортот на емигранти од островите на копно

Грција привремено го запре транспортот на емигранти и на бегалци со фериботи од островите со цел да го олесни застојот на протокот на бегалци на копното, соопшти грчкиот министер за поморска трговија Теодорос Дрицас.

migranti

– Не сакаме да се создаде нерешлива ситуација на островите. Ова е само привремена мерка – изјави Дрицас за телевиизја Мега.

Во меѓувреме, грчката Влада продолжува да бара повеќе места за привремено сместување на емигрантите.

Министерот за одбрана Панос Каменос рече дека пет напуштени воени локации во северна Грција ќе се пренаменат во кампови за вкупно 4.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top