| четврток, 6 декември 2018 |

Американскиот „Вог“ го чека „Големиот Гетсби“

Филмот на кој со сите сили се здружија едни од најпознатите филмски, музички и имиња од модата, заслужено е еден од најисчекуваните филмови на годината. Избраните имиња го направија „Големиот Гетсби“ тема речиси во сите медиуми, а новите детали од филмот кои секојдневно се појавуваат, ја прават приказната уште поинтригантна.

1

Свој печат дава и американското издание на списанието „Вог“, кој на насловната страница ја стави младата Кери Малиган. Таа откри дека инспирацијата за својот лик го пронашла во првата љубов на Фицџералд, Гиневри Кинг, и неговата жена Зелда. Кери носи ретро-фустани и модни додатоци на „Шанел“, „Миу Миу“, „Оскар де ла Рента“, кристали „сваровски“, „Нина Ричи“ и „Диор“. Еве го едиторијалот инспириран од „Големиот Гетсби“.

2

3

4

5

6

7

8

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top