| четврток, 6 декември 2018 |

Малиот Муртаза е пресреќен, доби два потпишани дреса од Меси

dete 1

Детенцето од Авганистан кое стана вистински хит на социјалните мрежи откако се појавија фотографии на кои носи дрес на Меси направен од кеса, доби голем подарок од неговиот херој.

Момчето требаше да се сретне со Лео Меси, но додека ја чека средбата од соништата со најдобриот фудбалер на денешницата, Муртаза Ахмади доби одличен подарок.

Ѕвездата на „Каталонците“ на Муртаза Ахмади му испратил два потпишани дреса, еден од Барселона и еден од Аргентина, како и фудбалска топка.

Лео Меси преку каналите на Уницеф успеал да го најде детето, а за тоа помогнал и неговиот вујко кој живее во Австралија.

– Јас го сакам Меси, и на мојот дрес пишува дека Меси ме сака мене – вели малиот Муртаза.

dete

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top