| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА избира ново раководство, главен фаворит Џани Инфантино

fifa

Најголем фаворит за наследник на Сеп Блатер, е долгогодишниот генерален секретар на УЕФА, Швајцарецот Џани Инфантино, за кого поддршка ќе даде и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кој е во Цирих, како и првиот човек на Азиската фудбалска федерација, шеикот од Бахреин, Салман бин Ибрахим ал-Калифа.

fifa

Уште тројца кандидати се во трката за нов претседател, Французинот Жером Шампањ, јорданскиот принц Али бин ал-Хусеин како и Јужноафриканецот Токио Сексвејл.

Како што многумина сакаат да нагласат, ова треба да биде историски Конгрес околу иднината на ФИФА и светскиот фудбал.

Право на глас на Конгресот ќе имаат 207 членки на ФИФА, поради суспензијата на Индонезија и на Кувајт, а за победа во првиот круг потребно е двотретинско мнозинство, односно 138 гласа.

fifa

Главно на никого не се даваат шанси за победа во првиот круг, што значи, може да се очекува новиот претседател да биде избран во некој од следните кругови на гласање, а тогаш за победа ќе бидат доволни 104 гласа.

Според распределбата во ФИФА, Африка има 54 гласа, Европа – 53, Азија – 44, Северна и Средна Америка и Карибите – 35, Океанија – 11 и Јужна Америка – 10 гласа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top