| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Приемот на Македонија е во интерес и на НАТО

poposki

Колку добива Македонија, толку добива и НАТО од членството на нашата држава во Алијансата – е главниот заклучок од дискусијата на министерот за надворешни работи  Никола Попоски на Конференцијата за безбедност која денеска се одржа во Будимпешта во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава.

popos

Како што соопшти МНР, Попоски констатираше дека во поглед на регионалната безбедност, исто како и во поглед на безбедносните ризици поврзани со тековната криза со приемот на мигранти во Европа, одложувањето на одлуките повлекува цена.

– Оваа цена со сигурност ја сноси Македонија, но воедно и Алијансата. Поддршката за членство е се уште висока, но кредибилитетот на овој процес ќе треба очигледно да се опоравува на подолг рок, истакна министерот Попоски.

popo

Шефот на македонската дипломатија учествуваше на Конференцијата на покана на министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

poposki

Покрај Попоски, главни говорници на настанот беа и министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак и Тед Вајтсајд, заменик-генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО, информира МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top