Со инвестиција од осум милиони евра ќе се рехабилитира автопатот Неготино-Демир Капија. Тендерот е објавен и трае до 29 март годинава, а се очекува да почне со градба ова лето.
Ова го најави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета во Демир Капија, кој рече дека со ова се почнува со целосна рехабилитација на најлошиот дел од автопатот на Коридорот 10.
– Како Министерство инвестираме во многу комунални ингфраструктурни проекти. Пред извесно време го распишавме тендерот за рехабилитација на автопатот од Неготино до Демир Капија. Станува збор за инвестиција од преку 8 милиони евра. До 29 март тендерот завршува, потоа се прави евалуација на сите оние што аплицирале за да ја добијат градбата, а потоа стартува и самата градба, изјави Мисајловски.
Тој појасни дека станува збор за 10 километри автопат, кои во програмата се ставени за следната година, но дека се најдени средства годинава да се почне изградбата.
Изрази надеж дека со отворањето на асфалтните бази ќе се продолжи со асфалтирањето и дека оваа година ќе се добие комплетно реконструирана делница.
Информира дека исто така се работи на проектот за локалниот пат до Криволак, како и на изградба на автопати.
– Се гради Демир Капија –Смоквица, инвестиција вредна преку 200 милиони евра. Од друга страна го правиме проектот од Смоквица до Гевгелија, исто така автопатска делница. Како Влада во овој дел на земјата инвестираме преку 230 милиони евра. Ние ќе продолжиме на овој начин, нагласи министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија