Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија, вечерва (четврток 25 февруари), со две проекции во 20:00 часот и во 21:20 часот во Кинотека, премиерно ќе го прикаже шведскиот филм „Белвил Бејби“. Филмот е со превод на македонски и англиски. Влезот е бесплатен, но советуваме да резервирате билети на телефонскиот број на Кинотека: 02/3065968
“…Со сета своја едноставност Белвил Бејби претставува исклучително силна приказна” –Свенска дагбладет
За што станува збор во овој филм?
Еден човек од нејзиното минато ја контактира режисерката и и‘ кажува дека минал многу години во затвор. Таа се присетува на пролетта кога го запозна во Париз, на тогашните протести, на веспата и мачката што тој и‘ ги даде. Но, таа се сеќава и на денот кога тој исчезнува…. „Белвил Бејби“ е филм за времето, за сеќавањата, и за нештата што попатно се губат.
Режисер: Миа Ендберј, главната улога ја толкува Оливије Десотел, времетраење. 75 минути, година на издавање: 2013.
Трејлер за филмот: https://www.youtube.com/watch?v=i7fBZa-WsPo
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура