55-метарски крст ќе се постави во Општина Бутел. Крстот ќе стои на влезот на Општината, близу новоизградениот кружен тек. Оваа одлука ја донесе Советото на Општина Бутел. Иницијативата за поставување на крстот е на Светскиот македонски конгрес, кој до Општината поднел барање за одобрување локација за христијанскиот симбол. Крстот ќе стои во зеленилото кај крстосницата на улиците Боца Иванова и Александар Урдаревски.
Од Општина Бутел велат дека сите трошоци за изградба на крстот ќе ги намири Светскиот македонски конгрес. – Општината нема да одвојува пари за крстот. Тој ќе биде целосна донација на Светскиот македонски конгрес, од каде што ќе биде доставено и идејно решение – велат од Општина Бутел.
Ова е втор крст кој во Скопје се поставува по иницијатива и донација на Светскиот македонски конгрес. Пред две години, крст беше поставен на булевар Србија, висок 51 метар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.