| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Вирусот зика е огромен предизвик

Вирусот зика претставува огромен предизвик со кој ќе биде тешко да се избориме, предупреди генералната директорка на СЗО Маргарет Чан.

zika-virus

– Кризата би можела дополнително да се влоши пред да настапи подобрување, изјави таа на крајот од посетата на Бразил, „епицентар“ на светската појава на вирусот зика.

Чан додаде дека дел од предизвиците за борбата против вирусот претставува фактот што зика „е толку митериозен“ што не е докажан во целост ниту причинителот.

– Овде имаме работа со вирус што e многу упорен, многу тежок и што носи целосна неизвесност така што треба да бидеме подготвени за изненадувања, истакна таа.

Бразил има најголем број заразени со тој вирус – 1,5 милион, а голем е и порастот на бројот на случаи на бебиња родени со микроцефалија. Рио де Жанеиро во август ќе биде домаќин на Олимписките игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top