Познатиот турски актер Киванч Татлитуг, кој е миленик на женската публика, минатиот викенд се венчаше во Париз со неговата девојка Башак Дизер, објавија денеска турските медиуми.
Мајката на актерот, Нуртен Татлитуг не присуствувала на венчавката, поради, како што е официјално образложено „здравствени причини“, но некои нејзини коментари на социјалните мрежи наведоа на оценката дека таа не ја смета Башак Дизер за „соодветна снаа“.
На склучувањето на бракот во Турската амбасада во Париз присуствувале 40-тина гости, кои потоа заминале на прослава во чест на новата брачна двојка, објави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.