| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќето напаѓачи од Келн за новогодишната ноќ нема никогаш да бидат фатени

Повеќето мажи што во текот на новогодишната ноќ нападнаа жени во Келн, никогаш нема да бидат фатени, изјави директорот на полицијата во градот, Јирген Матиес.

keln

Тој истакна дека снимките од безбедносните камери не се доволни за да се идентификуваат оние што извршиле сексуална злоупотреба.

Според него, идентификувани се 75 осомничени, од кои повеќето се од северна Африка, а во Германија престојуваат нелегално или имаат добиено азил.

Поради нападите за време на Нова година, во полицијата се поднесени повеќе од 500 тужби, а околу 40 отсто се наводни сексуални напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top