| четврток, 6 декември 2018 |

Нови фасади ќе добијат „Палома Бјанка“, Лотарија, ТЦЦ Плаза…

Градот целосно го менува ликот на објектите што се наоѓаат во близина на плоштадите „ВМРО“ и „Карпошово востание“.

Фасадите на трговскиот центар „Палома Бјанка“, ТЦЦ Плаза, објектот на Лотарија на Македонија, поранешната зграда на „Центро“ и на уште три други објекти во близина на плоштадот „ВМРО“ ќе добијат барокни фасади.

Ваква фасада ќе добие и зградата број 58 која се наоѓа на плоштадот „Карпошово востание“.

На конкурсите за промена на изгледот на овие згради победија идејните решенија на Миодраг Никитовиќ, Жарко Чаушевски, Петар Паскалиев, Никола Стакинов и Лазар Димов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top