Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ, дека чоколатцата „марс“, „сникерс“, „милки веј“, „веј минис“ и „минијатурис“ се небезбедни.
„Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата производител, поради појава на пластика во производите“, се вели во соопштението од Агенцијата.
Понатаму се додава дека доколку добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ дека небезбедни производи од овој производител се наоѓаат на македонскиот пазар, АХВ ќе постапи соодветно и ќе ги отстрани од пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.