| четврток, 6 декември 2018 |

Радмила Манојловиќ призна дека е зависна од апчиња

Иако досега не зборувала за тоа Радмила Манојловиќ признала дека поминал низ тежок период во животот, како и дека поради лошата психичка состојба со месеци зимала апчиња  за смирување и редовно посетувала психијатар.

rada-manojlovic-youtube-printscreen-sanja-marinkovic-official_1

Рада дури шест месеци пиела апчиња за смирување, а најтешко и било кога требало да прекине да ги пие. Периодот на одвикнување бил многу тежок  и тешко го поднела, признала пејачката ви исповед за магазинот „Блиц“.

-На почеток сакам да кажам дека тоа е многу непријатна работа. Јас буквално бев навлечена. Шест месеци не можев да се одвикнам од „ксанакс“. Решив за ова јавно да зборувам и да им порачам на сите кои си помислиле дека може лесно да се откажат од пиење  апчиња дека тоа е лага. Воопшто не е лесно- раскажала Рада и додала: „Ми беше многу тешко да се одвикнам од пиењето на седативите“.

img_3922

На прашањето што и се случило, па решила да пие седативи, пејачката искрено признала дека не умее да се справи со нервозата и незадоволството, туку дека се држи во себе.

-Тоа не е добро. Токму затоа психијатарот ми рече да најдам некаков издувен вентил. Сега повеќе не одам кај психијатар. Сега се ми е супер. Лековите делуваа – заклучила Рада, ана крајот додала дека ниту еден случај не би измешала алкохол со таблети за смирување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top