| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Договорот од Пржино е жив

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил напиша дека Договорот од Пржино “е жив” и дека сите партии мораат да се ангажираат на 5-ти јуни да има веродостојни избори.
European Commissioner for European Neighbourhood Policy and Enlargement Negotiations Johannes Hahn presser
-Го поздравувам гласањето на Собранието на Република Македонија да ги одложи изборите на 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мора целосно да се ангажираат, да помогнат да се подготват веродостојни избори и да ги спроведат реформските приоритети, вклучително и реформите за медиумите. Им благодарам на европратениците, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит заедно со eвроамбасадорот Аиво Орав, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли и меѓународната заедница, за нивната континуирана поддршка, се вели во твитот на Хан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top