| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Ристеска и Влатко Илиевски се смирија: Не знам зошто бевме скарани пет години

4C0D44CFEFEE6C4EB13F928FC5456C62

Влатко Илиевски и Елена Ристеска веќе не се непријатели. Пејачите после неколкугодишен молк и некомуникација решиле да ги закопаат секирите и да му дадат уште една шанса на пријателството, пишува „Вечер“.

Зошто биле скарани, како што вели Илиевски, не знаат ни самите, едноставно пред неколку години престанале да зборуваат.

Како што „случајно“ престанале да зборуваат, случајно и се смириле и тоа на една свадба, на која присуствувале и двајцата, пишува весникот.

– Не можам ни да претпоставам зошто толку време сме биле скарани, постојано се избегнувавме по разни настани, се до минатото лето, кога на свадбата на Тамара се најдовме на иста маса… Се сеќавам дека неколку пати се разминавме се додека во еден момент случајно не почнавме да разговараме. Се изгушкавме и си се извинивме еден на друг, ако нешто сме си згрешиле и се договоривме повеќе никогаш да не се караме – ја откри за „Вечер“ својата верзија од приказната Илиевски.

Пејачот додаде дека не само што си простиле за недоразбирањето, заради кое не зборувале цели пет години, и сега се повторно пријатели, туку решиле и да соработуваат. Така, Елена е потписник на новата песна на Влатче, односно насловната нумера од неговиот албум што, доколку се оди според планираното, би требало да биде објавен пролетва.

Фото: Вест

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top