Лидерот на владејачката партија Никола Груевски на синоќешната пресконференција, откако Собранието го изгласа новиот датум за избори – 5 јуни, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се согласиле со поместувањето на датумот по низа анализи и консултациит, како и по четирите уверувања кои ги добиле од преставниците на ЕУ и САД.
Прво, дека ова ќе е единствено пролонгирање и нема да има ново барање од нив за пролонгирање изразено во било која форма. Второ, дека до изборите на 5–ти јуни повеќе нема да има разноразни преговори за организирањето на изборите, бидејќи и тие сега веруваат дека ДИК ќе има доволно време да ја заврши својата работа со пречистувањето на избирачкиот список. Трето, дека нема да има поставувања на никакви нови услови за одржување на изборите на 5–ти јуни вклучувајќи го и законот за медиумите; и Четврто, нема да има нови проценки за тоа дали земјата е подготвена или не за избори од страна на ЕУ и САД, затоа што со поместувањето на датумот овие нешта се апсорбирани. Додатно на ова добивме уште едно цврсто уверување од Претседателот на партијата ДУИ, Али Ахмети дека стојат цврсто за одлуката за избори на 5–ти јуни, со или без СДСМ. Државата не може да биде заложник на една политичка партија, во случајот СДСМ- пренесе Груевски.
Груевски додаде дека со ова поместување им даваат и последна шанса на СДСМ, да излезат на изборите и да го погледнат во очи народот, на кого му ја наметнаа оваа политичка криза.
-Само со излегување на изборите се добива легитемитет и доверба од граѓаните и никако поинаку. На оние кои сметаат дека во изминитатиот период ВМРО направи премногу компромиси, сакам да им порачам, дека нашата компромисност кои некои го нарекуваат прекумерно попуштање се должи исклучиво во нашата верба во нашиот народ, нашата држава и во силата која народот ни ја дава. Дневните силења и надмудрувања кој денес испаднал послаб а кој појак ќе завршат на 5–ти јуни- посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.