Во првиот натпревар од осминафиналниот дуел во Лигата на шампионите меѓу Арсенал и Барселона, гостите од Каталонија беа подобар противник на „Емирати“ и заслужено славеа победа со 2-0.
Со овој резултат шансите на избраниците на Арсен Венгер за пласман во четвртфиналето се сведени на теорија бидејќи возвратниот дуел се игра на „Камп Ноу“.ж
Менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер, призна дека Барселона беше поквалитетен ривал.
– Нема ништо срамно во тоа да загубиш од подобар тим. Барселона не е случајно актуелен носител на трофејот. Во првиот момент кога посакавме да диктираме игра и да наметнеме напаѓачки стил, тие не казнија со погодок. Ни се повторија грешките како и во минатото, кога примивме голови од Монако на домашен терен. Таква наивност Барселона умее да ја казни – изјави Арсен Венгер, признавајќи дека шансите за пласман понатаму се сведени на минимум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.