-На 5-ти јуни СДСМ ќе видат кој победува, а кој губи. Излегле или не на избори, ќе видат што е референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, како политичка гарнитура која најенергично и најодговорно се бори за македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија – посочи премиерот Никола Груевски на вечерашната прес-конференција.
Тој додаде дека државата не може да биде заложник на една политичка партија, во случајот СДСМ.
–Со ова поместување им даваме и последна шанса на СДСМ да излезат на изборите и да го погледнат во очи народот на кого му ја наметнаа оваа политичка криза. Само со излегување на изборите се добива легитимитет и доверба од граѓаните и никако поинаку. На оние кои сметаат дека во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ направи премногу компромиси сакам да им порачам дека нашата компромисност кои некои го нарекуваат прекумерено попуштање се должи исклучиво во нашата верба во нашиот народ, во нашата држава,и во силата која народот ни ја дава – рече лидерот на владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.