Резултатите од испитувањето на јавното мислење се причината поради која СДСМ и нејзиниот лидер, Зоран Заев бегаат од избори. Последните анкети покажуваат дека СДСМ има понизок рејтинј од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, што, според експеертите, е причината поради која Заев бара изговори за пролонгирање на изборите.
Убедлива победа на ВМРО ДПМНЕ на следните парламентарни избори, предвидува последната анкета на реномираната агенција Брима Галуп која беше спроведена за потребите на „Република“. Резултатите од Брима Галуп воедно даваат одговор на прашањето зошто СДСМ толку се плаши од избори и соочување со волјата на народот.
Резултатите покажуваат огромна поддршка и повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.
Овие резултати се кај македонското гласачко тело, но таквата двојна разлика се пресликува и доколку се земе во предвид целосната етничка структура на населението во Република Македонија,односно 25.7% за ВМРО-ДПМНЕ према 13.4% за СДСМ.
Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ.
Реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт (ИРИ)ч
Анкетата е спроведена во периодот од 30 јануари до 4 февруари 2016. Маргина на грешка е ± 3 проценти на ниво на доверба 95 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.