| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ги преместува Авганистанците од Идомени

astynomia-metanastes-630x400Грчката полиција синоќа почна да ги отстранува стотиците мигранти заглавени на грчко-македонската граница.

Агенцијата „Ројтерс“ јавува дека грчките власти со автобуси ги транспортираат мигрантите кои синоќа недозволено се задржале на железничката пруга кај Идомени и кои претходно не успеале да се пробијат преку македонската граница. Се проценува дека на Идомени има околу 1.200 мигранти, најголем дел од Авганистан, кои не беа пропуштени во земјава поради новиот режим.

Откако ЕУ донесе одлука да не ги пропушта мигрантите кои доаѓаат од Авганистан, голем број Авганистанци останаа заглавени на македонско-грчката граница. Тие бараат да бидат пропуштени на македонска територија за да го продолжат патот кон некоја од државите на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top