| четврток, 6 декември 2018 |

Тед Круз: Ако станам претседател на САД, ќе протерам 12 милиони илегални имигранти

Американскиот сентатор и кандидат за претседател на државата, Тед Круз, покажа дека може да ги копира радикалните десничарски ставови на својот противник од Републиканската партија Доналд Трамп.

Круз во последното појавување на телевизиското интервју истакнал дека ако стане претседател на САД ќе ги протера сите 12 милиони илегални имигранти за кои се претпоставува дека во овој момент живеат во САД.

Круз го надмина Трамп кој одамна заговара потези како што се депортација на лицата без документи, засилување на границите и кревање ѕидови меѓу Мексико и САД. Тој вети дека на депортираните луѓе ќе им забрани враќање во САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top