| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал е сериозно заинтересиран за Брозовиќ

Марсело Брозовиќ ќе го напушти Интер после завршувањето на оваа сезона, а според медиумите, управата на „нероаѕурите“ започнала преговори со премиерлигашот Арсенал за трансферот на хрватскиот интернационалец.

Поранешниот член на Динамо Загреб оваа сезона не е стандарден во тимот на Роберто Манчини, иако одигра неколку фантастични натпревари, па затоа и самиот не би имал ништо против од преселба во Премиер-лигата. Интер ќе мора да продава фудбалери, за да може да ангажира нови, па токму затоа Манчини ќе мора да даде зелено светло за овој трансфер, за да може да стигне до пари со кои потоа би довел играчи што се наоѓаат на неговата листа со желби, на чиј врв се наоѓа Соријано од Сампдорија.

Брозовиќ беше на прагот да го напушти „Џузепе Меаца“ оваа зима, сепак се одлучи да продолжи да го носи дресот на „нероаѕурите“, но се очекува оваа авантура на Хрватот на Апенинскиот полуостров да заврши на крајот од сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top