| четврток, 6 декември 2018 |

„Жизел“ в сабота на сцената на МОБ

Балетот „Жизел“ викендов ќе биде изведен ан сцената на Македонската опера и балет. Кореограф: Леонид Лавровски (Русија), Диригент: Бисера Чадловска, Сценограф: Милета Лесковац,Обновил: Зоран Костовски, Костимограф: Александар Ношпал, Концерт мајстор: Климент Тодороски, Репетитори: проф. м-р Тања Вујисиќ-Тодоровска, Горан Божинов, проф. д-р Снежана Филиповска, Лора Тарчуговска. Настапуваат: Жизел: Александра Мијалкова (19.02.2016) / Мими Поп Алексова-Атанасовска (27.02.2016) Алберт: Васил Чичијашвили (Грузија) (19.02.2016) / Бобан Ковачевски (27.02.2016),  Хиларион: Дојчин Дочев (Бугарија), Мирта: Ивана Коцевска, Селско па де де:  Саша Евтимова (19.02.2016) / Андријана Петковски (27.02.2016) и Игор Веланоски, како и балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ.

 

Балетот „Жизел“ е романтично-фантастичен балет во два чина. Од неговата праизведба во Париз 1841 година па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување.

Првиот чин (реалистичниот), ја прикажува средбата на Жизел-девојка од село и грофот Алберт, кој е дојден на лов. Таа безгранично се вљубува во него, но не знае дека тој е благородник. Шумарот Хиларион, кој исто така ја сака Жизел, дознава за потеклото на грофот и кога неговата свита доаѓа во градот, меѓу кои и неговата свршеница Батилда, тој го разоткрива алберт пред сите. Жизел не можејќи да ја прифати лагата за лажната љубов умира од болка.

Вториот чин (фантастичниот) ја прикажува играта на самовилите, кои всушност се девојќи кои умираат пред својата свадба. Тие преку ноќ излегуваат од своите гробови и танцуваат. Секој што ќе ја види нивната игра мора да умре. Таа ноќ во шумата доаќа Хиларион, а потоа и Алберт и ја искажуваат својата љубов на мртвата Жизел. Хиларион е фатен од самовилите и убиен, а Алберт го спасува љубовта на Жизел, која со него игра до раните зори. Кога сонцето изгрева самовилите исчезнуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top