| четврток, 6 декември 2018 |

На почетокот на неделата топло, од среда постепено заладување

сонце

Оваа февруарска работна недела ќе ја одбележи прилично променливо време. Првите два дена ќе бидат натпросечно топли, а од среда се очекува постепен пад на температурата, прогнозира Метеопро.мк.

Вторник ќе биде променлив ден во однос на облачноста. Сончеви периоди ќе има, пред сѐ во првата половина од денот и рано попладне, а кон крајот од денот очекуваме зголемување на облачноста и појава на слаб локален дожд во ноќните часови, пред сѐ во планинските предели.

Среда ќе биде врнежлива, а врнежите ќе бидат позастапени околу пладне. Навечер облачноста ќе почне нагло да се намалува.

Четврток ќе биде претежно сончев, додека в петок постепено ќе се наоблачува. Оваа облачност ќе биде најава за врнежите кои, засега, се очекуваат за сабота.Највисоката дневна температура во вторник ќе биде во границите меѓу 16 до 18 Целзиусови степени низ низините во западниот и северниот крај, а југоисточниот предел очекува максимална меѓу 19 и 23 степени. Среда ќе биде посвежа во однос на втоерник за 4 степени.
Падот на температурата ќе продолжи сѐ до петок, кога максималната температура ќе има вредности меѓу 10 и 13 степени, одосно 15 степени на југоисток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top