Неколкумина повредени и демолирани излози во ГТЦ е епилогот од жестоката тепачка што се случи пред половина час во близна на ГТЦ меѓу навивачките групи на “ Вардар“ и “Будуќност“ – “Комити“ и “Варвари“.
Од МВР потврдија дека имало инцидент, но повеќе детали најавија за подоцна.
Според информациите на “Вечер“, помала група навивачи на “Вардар“, пресретнале комбе во кое биле петанесетина навивачи на “Будуќност“. Пресметката веднаш започнала во близина на хотелот “Холидеј Ин“ а набрзо се префрлила и во ГТЦ каде има повеќе демолирани излози.
Црногорските навивачи биле подготвени за пресметката. Нашите извори тврдат дека тие било вооружени со метални и дрвени палки и камења.
Само неколку часа претходно, навивачите на “Будуќност“ имале блиска средба и со навивачите на Шкендија во која имало петанесетина повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.