| четврток, 6 декември 2018 |

Гоца Тржан подготвена за оплодување

zgoca trzanПејачката Гоца Тржан и нејзиниот маж Рашо се подготвени преку вонтелесно оплодување да добијат дете, исто како колешката и пријателка Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко.

Гоца е пресреќна заради Сека, поп пејачката се надева дека и во нејзиниот случај вонтелесното оплодување ќе биде успешен. Таа признава дека бременоста не Сека и влела надеж бидејќи со сопругот подолго време се обидуваат да добијат дете.

-Утрово и се јавив на сека да и честитам и да и посакам се најубаво, но не ми се јави на телефон. Навистина се радувам за неа, многу ми е мило. Среќна сум што успеа во својата борба и конечно го оствари својот сон. Ја заслужи сета среќа на овој свет. Рашо и јас им посакуваме се најубаво- посочува Тржан.

Таа верува дека современата медицина и неа ќе и овозможи на мажот да му роди дете.

-Нема поубаво чувсто отколку кога знаеш дека нешто завршило со успех. Ако Сека навистина одела на вештачко оплодување, драго ми е што се минало како што посакувале. Познато е дека Рашо и јас планираме со вонтелесно оплодување да добиеме дете и веруваме дека животната желба ќе ни се оствари и дека Господ ќе не погледне- додава Гоца Тржан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top