Линдзи Вон го освои второто место на денешната трка во италијанскиот Ла Туиле, доволно за да создаде недостижна предност во пласманот за малиот Кристален глобус во спуст. Сега Американката со освоени осум титули стана рекордерка во таа дисциплина.
Само 14 стотинки и недостасуваа на Вон да стигне до 77. победа. Второто место и обезбеди враќање на врвот во генералниот пласман. Со оглед на тоа што до крајот остана само уште една трка, финалето на Светскиот куп во Сент Мориц, со новите 80 бода таа создаде недостижна предност во спуст.
Со осмиот трофеј ја надмина легендарната Анемари Мозер-Прел, со која досега го делеше сега веќе стариот рекорд со седум титули.
Вон ќе има можност да собори уште еден рекорд до крајот на сезоната. Моментално го делат бројот на титули со Катја Зајцингер во супервелеслалом, двете скијачки имаат по пет. Остануваат уште четири трки во оваа дисциплина – утре во Ла Туиле, потоа следуваат во Солдеу, Ленцерхајде и Сент Мориц, каде Aмериканката ќе може да стигне до шестата титула во супервелеслалом.
На денешниот спуст во Ла Туиле првото место го освои домашната скијачка Надја Фанкини, а третото место го освои уште една Италијанка, Даниела Менингети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.