| четврток, 6 декември 2018 |

Суперталентираниот Донарума во Милан „уште 20 години“

Gianluigi-Donnarumma-Milan

Претседателот на фудбалскиот клуб Милан, Силвио Берлускони изјави дека младиот голман е иднината на тимот.

Џанлуиџи Донарума моментално е еден од најперспективните голмани во светот, а своето деби го имаше на само 16 години, кога српскиот тренер Синиша Михајловиќ одлучи „да го фрли во огнот“.

Неговите одлични партии на голот на Милан не останаа незабележани и од големите европски клубови. Во своите редови младиот Италијанец сакаат да го ангажираат Барселона, Манчестер Јунајтед и Челси.

Сепак, претседателот на „росоњерите“ најави дека Донарума е иднината на Милан, и дека „ќе остане уште 20 години“.

„Џанлуиџи е извонреден, има многу добар карактер и е паметно момче. Мислам дека во иднина тој може да стане симбол на Милан“, изјави Берлускони.

„Тој сите успеа да не воодушеви со своите сјајни партии со само 16 години. Тој не оди никаде, ќе остане на Сан Сиро уште 20 години“, заклучи Берлускони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top