
Европската куќа на фудбалот, УЕФА го одбра најдобриот тим по одигрување на четири од осумте осминафинални средби во Лигата на шампионите.
Предводници се Кристијано Роналдо и Жулијан Дракслер, кои имаа најдобри оценки по натпреварите на Реал и Волфсбург. Друштво на португалскиот голгетер во нападот му прават херојот на Бенфика, Жонас, како и Крусе од Волфсбург, додека во средниот ред покрај Дракслер се Санчез (Бенфика) и Вилијан (Челси). ж

Одбраната ја формираат Марсело (Реал Мадрид), Варан (Реал Мадрид), Кејхил (Челси) и Рудигер (Рома), додека меѓу стативите е Трап од ПСЖ. За најдобар фудбалер на неделата се борат Роналдо (Реал), Жонас (Бенфика), Дракслер (Волфсбург) и Трап (ПСЖ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


