Преговорите што можат да ѝ ја одредат судбината на Велика Британија во ЕУ траеја цела ноќ, но без да се постигне договор. Најавено е дека ќе продолжат денес, а можеби и за време на викендот.
На самитот на ЕУ во Брисел британскиот премиер Дејвид Камерон разговарал со претседателот на Европскиот совет Доналд Тус и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер до рано наутро, но без коментар ја напуштил салата.
Продолжението на преговорите е најавено за во 9 часот. Лидерите на ЕУ го предупредија Камерон дека нема да добие втора шанса ако не постигне договор на собирот на 28 шефови на влади на земјите од ЕУ.
Непосредно пред да се прекинат преговорите, Туск рекол дека е постигнат одреден напредок, но дека има уште многу од тоа да се направи.
Гардијан пишува дека постојат неколку клучни спорни точки што досега ја спречувале Британија да постигне договор со своите европски партнери.
Некои од тие точки се заштита од финансиски правила на еврозоната за со тоа државите што не се во еврозоната да добијат поголеми овластувања за да влијаат на зоната и намалување на детскиот додаток за работниците од другите држави на ЕУ што работат во Британија, а чиишто деца живеат во други држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.