Основата на добрата нега на кожата е правилното чистење, бидејќи беспрекорно чистата кожа може да “дише“ и подобро ги апсорбира хранливите состојки од кремот.
Тип на кожа – Средството за чистење мора да одговара на вашиот тип на кожа. За мрсна кожа се препорачува гел и лосион, додека сувата бара хранливо млеко, кое нема дополнително да ја суши. На чувствителната кожа и се неопходни природни состојки, без хемикалии. Влажните марамчиња за отстранување шминка би требало да се користат во ретки прилики, само кога патувате или немате друга можност да го исчистите лицето, советуваат козметичарите.
Внимателно со маскарата – На трепките нанесете малку гел или млеко за отстранување на шминка и оставете го неколку секунди, па нежно тријте со памук и темелно отстранете ги остатоците од маскарата.
Миење на крај – После средствата за чистење задолжително измијте се, за порите да може да се отворат.
Совет плус:
Благ пилинг правете повремено, доволно е еднаш неделно или поретко и водете сметка состојките да одговараат на вашата кожа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Лицето покажува што јадете погрешно: Вино-црвенкаста кожа, глутен-отечени образи, шеќер…
-
Зошто треба да го миете лицето со сода бикарбона?
-
Додека комуналните служби на градот дремат: Волонтери ја исчистија околината на Пошта 2 под Железничка станица во Скопје