Наум Петрески, Виолета Томовска, Група Арија, Зуица Лазова, Ирена Спасовска и уште многу други еминентни фолк музичари, ќе настапат на Фестивалот на новосоздадена авторска фолк музика „Цветници“, кој оваа година е со ревијален карактер. На сцената во Универзалната сала, вторник на 23 април, со почеток во 20:30 минути, започнува 14 – от фестивал на народна музика, каде во фестивалскиот дел ќе се претстават 16 нови композиции.
Македонската радио телевизија ја обновува традицијата на единствениот фестивал на нови фолк мелодии, во духот на македонската мелопоетска традиција – Цветници 2013 година. Со целосен настап во живо ќе учествуваат дел од најреномираните авторски и интерпретаторски имиња од македонската музичка сцена и од големиот народен оркестар на македонската радио телевизија. На Цветници 2013 покрај фестивалскиот дел, ќе има и ревијален дел на кој ќе ги чуеме: Виолета Томовска, Благоја Грујовски, Нино Величковски, Миле Кузмановски и Наум Петрески со нивни веќе отпеани песни.
На фестивалот, постхумно ќе се доделат две награди за животно дело на двајца истакнати автори, аранжери, музички продуценти и уметнички директори на фестивалот Цветници: Мате Грујовски и Миодраг Божиновски.
Во нивна чест ќе се исполнат две нивни хит песни со дел од нивните соработници, а етаблирани интерпретаторски имиња на македонската фолк музичка сцена заедно со големиот народен оркестар на Македонската Радио телевизија.
Билетите се пуштени во продажба по цена од 150 денари на касата на Универзална Сала, Скопје. Снимка од фестивалот „Цветници 2013 та“ година ексклузивно ќе се емитува на големиот христијански празник Цветници, на првата програма на МТВ со почеток во 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.