| четврток, 6 декември 2018 |

Бејта седна на фотелјата и веднаш се збогува со 75 општинари

NevzatBejta_4

Невзат Бејта, новиот градоначалник на Гостивар, вели дека сите отпуштања се според законот, дека на 75 лица им престанал договорот за дело и дека сите негови потези се во насока на средување на хаосот што го наследил во општината.

Наспроти него, досегашниот градоначалник Руфи Османи обвинува дека се работи за класичен реваншизам.

Поранешниот градоначланик Османи  вели дека се работи за реваншистичка чистка, која Бејта ја спроведува во ЈП „Комуналец“ и во општинската админситрација.

– На првиот работен ден, на многу примитивен начин ги навреди вработените во администрацијата, кои не се членови на ДУИ и им се заканил со откази. На 17 април на 18 вработени кои имаат договор за работен однос до 30 јуни им ги раскина договорите за работа без никаква законска оправданост – рече Османи.

– Обвинувањата доаѓаат од човек што ги загуби изборите и се неосновани. Отпуштените биле ангажирани со проект на Владата и имале договори до крајот на март. Во ЈП „Комуналец“ за предизборни активности биле вработувани луѓе за кои не се обезбедени пари за плати. Во моментов преземаме мерки за санација на претпријатието, во кое, според нашите сознанија, е направен криминал со милионска вредност – вели Бејта.

НДП на конференција за печатот покажале документи потпишани од градоначалникот Бејта, според кои им било наредено на директорите на основните и на средните училишта да ги прекинат сите активности во врска со ученичките екскурзии и фотографирањето на учениците.

Невзат Бејта вели дека и оваа негова мерка е насочена кон заштита на учениците и нивните родители и можните манипулации со нив од директорите и наставниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top