За две-три недели на скопските улици ќе почнат да се поставуваат новите автобуски постојки. Вкупно ќе се постават 226 постојки, кои ќе бидат во потемна боја како заштита од чкртаници и од нечистотија.
Ќе бидат поставени три типа стојалишта, кои ќе се разликуваат според големината. Постојките ќе имаат стреа, информативна табла, клупа за седење, канта за отпадоци и табла со име на постојката и броеви на автобусите што застануваат тука.
Поставувањето на постојките доцни, а првично рокот беше почетокот на месецов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.