Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес промовираше нови значајни проекти за младите лица.
Првиот од нив е наменет за младите кои доаѓаат од самохрани или еднородителски семејства.
-Ќе ја намалиме партиципацијата за 50 отсто за студентите од самохрани и еднородителски семејства. ВМРО-ДПМНЕ континуирано води грижа сите граѓани да имаат еднаков пристап до високото образование. Социјалниот статус не треба да биде пречка за реализација на амбицијата и за стекнување на факултетска диплома. Предвидуваме намалување на партиципацијата за 50 проценти за сите студенти од прва до четврта година на државните факултети, кои се деца на самохрани родители, односно потекнуваат од еднородителско семејство во кое вкупните приходи се под износот на нето минималната плата утврдена во земјата- рече Груевски.
За оваа мерка Владата секоја година ќе носи одлука за квоти за секој факултет. Мерката ќе почне да се реализира од септември 2017-тата, во соработка со МОН и МТСП.
Владата на Република Македонија согласно законот за високо образование досега ги ослободи од партиципација дечињата од социјално ранливите категории и децата без родители.
Средствата за партиципацијата ќе се покриваат од Буџетот на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски