| четврток, 6 декември 2018 |

Уставниот суд ја отфрли иницијативата против одложеното распуштање на Собранието

ustaven-sud-4

Уставниот суд не ја прифати иницијативата на пратеникот Павле Трајанов и на Тодор Петров, кои сметаат дека е неуставна одлуката Собранието да се распушти со одложена примена. Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за распуштањето на парламентот.

Собранието на 18 јануари донесе одлука за самораспуштање, со тоа што одлуката ќе стапи во сила на 24 февруари, 60 дена пред изборниот ден 24 април.

Претседателката на Уставниот суд Елена Гошева смета дека иницијативата треба да се отфрли бидеќи Судот не може да одлучува за акт, туку само за закони. Судијата Наташа Габер кажа дека ваквата одлука на Собранието е преседан.

Претходно, од Демократски сојуз на иницијаторот Трајанов рекоа дека датумот за избори (24 април) не е сигурен бидејќи претходно е условен со други обврски кои треба да бидат спроведени согласно Пржинскиот договор, а тоа може да произведе и друг одложен датум на оддржување на избори, се додека не се исполнат сите услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top