Македонскиот виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски, вечерва, 18 февруари, во Домот на АРМ во Скопје ќе одржи концерт заедно со Македонската филхармонија.
На концертот насловен „Клецмер фешта“ ќе бидат претставени дела инспирирани од Еврејската и од т.н. клецмер музика која е спој од ромската музика, Еврејската литургиска музика и типичните музички форми на Источна Европа.
Македонската публика ќе има можност да ги слушне Кончерто гросо бр. 1 од Ернест Блох, свитата „Маскарада“ од Арам Хачатуријан, како и македонската премиера на Увертирата на Еврејски теми оп. 34 од Сергеј Прокофјев и Клецмер концертот за кларинет од младиот полски композитор со еврејско потекло Влад Мархулец.
Исмаил Лумановски е роден 1984 година и се смета за еден од најдобрите музичари на својата геренација во Македонија. Има настапувано во врвни концертни сали како „Ратхаус“ во Виена, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Сал плејел“ во Париз, палатата Емирати во Абу Даби, центарот Кенеди во Вашингтон, центарот Беркли во Бостон и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.