Граѓаните во Македонија со месеци, со години дишат воздух полн со канцерогени ПМ10 честички, опасен по нивното здравје. Според официјалните податоци од мерните станици, граѓаните се гушат од загаден воздух.Граѓаните на Тетово од 1 јануари 2014 година до 14 февруари 2016 година, за време од цели две години само 3 дена дишеле чист, незагаден воздух. За две години воздухот бил загаден дури 751 ден – велат од СДСМ.
Тие посочуваат дека воздухот во општина Центар во 2015 година бил загаден дури 266 дена, од вкупно 365 дена во годината. Жителите на Лисиче во текот на 2015 година дишеле чист, незагаден воздух само 40 дена. Граѓаните на Битола во 2015 година биле изложени на екстремно загаден воздух дури 276 дена.
Одговорноста за загадениот воздух тие ја гледаат во СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.