Шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ од лето е слободен играч порати тоа што му истекнува договорот со ПСЖ. Тој неколку пати најави дека би можел да го напушти клубот од Париз и да се пресели во Премиер лигата која треба да биде негова следна дестинација.
– Имам уште три месеци од договорот со ПСЖ и ќе видиме што ќе биде потоа. Ќе бидам слободен играч, ќе се случат сензационални работи, но почекајте да видиме. Ќе кажам само дека сум во добра форма – изјави Ибрахимовиќ, а неговите зборови веднаш ги заскокоткаа новинарите на Островот.
Од порано е познато дека Жозе Мурињо најверојатно ќе го преземе Манчестер јунајтед ова лето и прв пик би бил токму Ибрахимовиќ во офанзивната линија на тимот од „Олд Трафорд“.
Тој досега се нема испробано во Премиер – лигата, а сигурно дека се уште има врвен квалитет за да може да остави свој белег и во англискиот шампионат. Шпекулациите се дека Ибрахимовиќ би минал една или две сезони во дресот на Манчестер јунајтед, а потоа би се преселил во МЛС – лигата на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.