Дали можете да го замислите сценариото како она од романтичните филмови:момче се враќа од ноќна забава, ја здогледува неа, црвенокоса, во црни мартинки…можеби ќе разменат некој збор, тој паѓа на прв поглед, но не стигнува да и земе број на мобилен телефон.
Којзнае каква клета судбина ги спречила да остварат контакт таа ноќ, но момчето не се препуштило на очајот, туку по Загреб лепи огласи во потрага по својата убавица.
Тој ја нема чевличката, па кадидатките со соодветен број да се јават, а сигурно и не се работи за принц, но сите се ангажираа за пронаоѓање на оваа Пепелашка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.