Зградата на турскиот културен центар во предградие на Стокхолм синоќа ја потресе експлозија, а полицијата наведува дека никој не е повреден.
Турскиот културен центар се наоѓа во приземје на зграда во предградието Фитја, во главниот град на Шведска, сите прозорци се искршени. Никој не е повреден, внатре немало луѓе бидејќи центарот многу порано бил затворен, пренесува Танјуг.
Според полицијата, никој не е уапсен и засега нема ниту осомничени, а специјална екипа го пребарува местото на експлозијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.