| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Турција без двоумење ќе го употреби своето право на одбрана по крвавиот напад во Анкара

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција решително ќе одговори на вчерашниот напад со автомобил-бомба врз армиски автобуси во центарот на Анкара, во кој загинаа најмалку 28 лица и повеќе од 60 беа ранети, пренесоа француските медиуми.

erdoganraka3

„Треба да се знае дека Турција во ниту еден момент нема да се двоуми, насекаде и при секој повод да го употреби своето право на законска одбрана“, се наведува во соопштението објавено од прес службата на претседателот.

„Ќе продолжиме сè порешително да се бориме против пионите, кои извршуваат вакви напади и не познаваат морал и хумани граници, како и против силите кои стојат зад нив“, се вели во соопштението, цитирано од британските медиуми.

Повеќето од убиените и ранетите во вчерашниоит атентат се турски војници, вклучително и офицери, забележи ТАСС.

Вицепремиерот Нуман Куртулмуш изјави дека засега не е познато кои се извршителите на атентатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top