Македонскиот виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски, кој живее и работи во Центарот за култура во Њујорк, вечерва во Домот на АРМ во Скопје ќе одржи концерт заедно со Македонската филхармонија.
На концертот насловен „Клецмер фешта“ ќе бидат претставени дела инспирирани од Еврејската и од т.н. клецмер музика која е спој од ромската музика, Еврејската литургиска музика и типичните музички форми на Источна Европа. Македонската публика ќе има можност да ги слушне Кончерто гросо бр. 1 од Ернест Блох, свитата „Маскарада“ од Арам Хачатуријан, како и македонската премиера на Увертирата на Еврејски теми оп. 34 од Сергеј Прокофјев и Клецмер концертот за кларинет од младиот полски композитор со еврејско потекло Влад Мархулец.
Исмаил Лумановски е роден 1984 година и се смета за еден од најдобрите музичари на својата геренација во Македонија. Има настапувано во врвни концертни сали како „Ратхаус“ во Виена, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Сал плејел“ во Париз, палатата Емирати во Абу Даби, центарот Кенеди во Вашингтон, центарот Беркли во Бостон и многу други
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан