Лицето чиешто безживотно тело беше пронајдено претходно во средата во кампот „Партизан“ во охридската населба „Воска“ кај Далјан е идентификувано како 49-годишниот Есад М. кој во охридската полиција пред десеттина дена е пријавен како исчезнат, објави „Макфакс“.
Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело, констатирано е по извршениот увид и медицинскиот преглед од доктор на службата за Брза помош, што извршен во кампот непосредно по откривањето на телото, според информациите од СВР Охрид
Според пријавата поднесена од неговиот брат, сега починатиот Есад последен пат бил забележан на 2-ри февруари, а неговото место на живеење било во камп-приколка од Феријалниот сојуз во населбата „Воска“. Неговото исчезнување беше пријавено на 7-ми февруари.
По наредба на Јавен обвинител, во текот на утрешниот ден врз безживотното тело ќе биде извршена обдукција во Судска медицина при Медицинскиот центар во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.