| четврток, 6 декември 2018 |

Поезија од Никола Маџиров ќе се чита во Париз

Во Париз на 18 февруари, четврток, во центарот „Реколе” со поддршка на градот Париз и Францускиот институт од Париз, ќе се одржи поетско читање на Никола Маџиров, на македонски и француски јазик. Освен Маџиров, на настанот ќе учествуваат и автори од Велика Британија и Белорусија, како и Дани Лафериер од Квебек, Канада, член на Француската академија. Читањето на Маџиров ќе биде илустрирано со композиции на францускиот бенд „Флајт Кејс”, направени според неговата поезија. Музика според поезијата на Маџиров досега компонирале американскиот џез композитор и соработник на Бјорк и Лу Рид, Оливер Лејк, италијанскиот композитор на класична музика Анџело Инглезе, како и неколку германски композитори кои ја вклучија неговата поезија во финалето на операта „Орфеј и Евридика” изведена во Минхен. Маџиров престојува во Париз како лауреат-писател на градот Париз и парискиот Француски институт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top