Стоперот на ПСЖ, Давид Луиз е задоволен од победата на неговиот тим на синоќешниот дуел против Челси во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, и покрај тоа што со минимална предност (2-1) ќе се патува на реваншот во Лондон.
– Победата е минимална, но не заборавајте дека е извојувана против еден извонреден тим како Челси. Дадовме се од себе за да стигнеме до толку посакуваниот триумф. Бевме подобар тим, и секако можеше и резултатски уште подобро да минеме затоа што имавме многу шанси кои не ги искористивме. Но, имам добро претчувство и за реваншот. Со самото тоа што победивме на првиот дуел направивме добар чекор – истакна Луиз.
Реванш средбата се игра на 9. март на „Стемфорд бриџ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.